Русија успешно тестираше ракета Сојуз-5

Русија успешно го изведе првото пробно лансирање на својата нова ракета Сојуз-5, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.
Објавено е дека ракетата без проблеми полетала од космодромот Бајконур во Казахстан.
Според соопштението на Роскосмос, ракетата Сојуз-5, која агенцијата ја опишува како лансирна ракета опремена со најмоќниот мотор на течно гориво на светот, ја напуштила лансирната рампа на 30 април во 21.00 часот по московско време.
Новата лансирна ракета е способна да носи товар до 17 метрички тони, значително ќе ги намали трошоците за лансирање и ќе се покаже поефикасна од своите претходници во поставувањето објекти, вклучувајќи сателити, во ниската Земјина орбита, наведува агенцијата.
Шефот на Роскосмос Дмитриј Баканов го опиша ова како „нова фаза во истражувањето на вселената“, додавајќи дека ќе создаде нови работни места во Русија и Казахстан.
Баканов рече дека Сојуз-5 е првата нова ракета-носач која Русија ја развила од 2014 година.
МИА
Ново на Сител
-

Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче: Палевски тврди дека има пропусти, обвинителството ја брани пресудата
-

Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за пожарот во „Пулс“ не призна вина
-

Агенцијата за филм во август ќе распише конкурс за снимање македонски серии
-

СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок
-

Пет пријави, а три лица лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие
-

Јаневска најави лиценцирање на училишните психолози, Ѓорѓиевски ќе разговара со директорите за забрана на мобилни телефони на настава
-

Малолетник нападнат во трговски центар во Скопје од газда на угостителски објект
-

Полицијата пронајде и одзеде 10 килограми риба од жител на Криволак
