СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок

Според најновите проценки на Светската здравствена организација (СЗО), опасноста од хантавирус за европската јавност е ниска, изјави денеска портпаролот на Европската комисија.
Тој додаде дека Комисијата работи на усогласување на европскиот одговор заснован врз научни сознанија. Портпаролот посочи дека вчера биле реализирани четири летови преку Европскиот механизам за цивилна заштита, поврзани со епидемијата на бродот „Хондиус“.
– Подготвени сме да обезбедиме дополнителна поддршка – изјави портпаролот.
Како што претходно објавија медиумите, сите патници на бродот се третираат како високоризични контактни лица, што претставува мерка на претпазливост на Европската агенција за јавно здравје.
СЗО минатата недела соопшти дека ризикот од ширење на вирусот кај пошироката јавност е на ниско ниво.
МИА
Ново на Сител
-

ИРГК: Договор со САД денеска нема да се потпише
-

Пјонгјанг: Прашањето за денуклеаризација е „неповратно завршено“
-

Сончево, температурата до 33 степени
-

Трамп: Договорот со Иран е закажан да биде потпишан утре
-

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес
-

Едно лице е приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Багеи: Договорот со САД нема да биде потпишан утре
-

Штипските доброволци пожарникари ќе добијат заштитна опрема од Америка
