Loading Video...
Свет
11. May 2026 - 16:32

Преглед на вестите од светот

Кинеското министерство за надвошени работи потврди дека Доналд Трамп ќе ја посети Кина од задутре од петок на покана на претседателот  Кси Џинпинг, што е прва посета на американски претседател на земјата од 2017 година.  

- Дипломатијата на шефовите на држави игра незаменлива стратешка водечка улога во односите меѓу Кина и САД . Кина е подготвена да соработува со Соединетите Американски Држави, одржувајќи го духот на еднаквост, меѓусебно почитување и взаемна  корист, за проширување на соработката и управување со разликите, со што ќе внесе поголема стабилност и сигурност во свет обележан со турбуленции и сложеност, изјави Гуо Џијакун, портпаролот на МНР на Кина.   

Централна тема на разговорите  ќе биде  трговскиот конфликт помеѓу  двете најголеми светски економии. Претседателите  ќе разговараат и за Иран. Според некои американски медуми, ТРамп  ке бара од Кина да  го искорист своетот економско влијание    за да го натера Техеран да склучи договор со Вашингтон.  Трамп првично требаше да отпатува за Кина кон крајот на март, но воениот ангажман на САД и Израел против Иран ја промени неговата агенда.   

Доналд Трамп не е задоволен од одговорот на Иран на американскиот предлог за прекин на војната. Во пост на „Трут Соушл“ американскиот претседател напиша Целосно неприфатлив, без да даде дополнителни детали. Иранското министерство за работи сподели детали од содржината на одговорот. 

- Не побаравме никакви отстапки. Единственото нешто што го баравме беа легитимните права на Иран. Оставам на вас и на нашиот народ да процените дали барањата на Иран беа прекумерни: повикот на Иран за прекин на војната во регионот; неговото барање она што го опишува како поморско пиратство против ирански бродови, дејствија карактеризирани како поморска блокада, да се запре; и неговото барање за ослободување на средствата што му припаѓаат на иранскиот народ, кои со години се неправедно замрзнати во странски банки поради притисок од САД. Дали се ова неразумни барања?“

Исто Така Техеран побарал од САД надомест за воената штета, укинување на санкциите, гаранции дека нема да има нови напади и признавање на иранскиот суверенитет врз Ортмутскиот тесенц. САД предложија крај на борбите , Иран да дозволи премин низ Ормутскиот теснец и Вашингтон да ја прекине блокадата врз иранските пристаништа, пред да почнат разговори за спорните теми вклучувајќи ги нуклеарните прашања, одмрзнувањето на иранските средства и идната безбедност во Ормутскиот Теснец. Американскиот претседател сè уште не изјавил дали Вашингтон ќе ги продолжи преговорите со Техеран  а од Иранскоот МНР порачаа дека  Иран ќе одговори воено доколку биде принуден, но дека во исто време ќе ја искористи секоја можност за дипломатско решавање на споровите.

.