Русија успешно тестираше ракета Сојуз-5

Русија успешно го изведе првото пробно лансирање на својата нова ракета Сојуз-5, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.
Објавено е дека ракетата без проблеми полетала од космодромот Бајконур во Казахстан.
Според соопштението на Роскосмос, ракетата Сојуз-5, која агенцијата ја опишува како лансирна ракета опремена со најмоќниот мотор на течно гориво на светот, ја напуштила лансирната рампа на 30 април во 21.00 часот по московско време.
Новата лансирна ракета е способна да носи товар до 17 метрички тони, значително ќе ги намали трошоците за лансирање и ќе се покаже поефикасна од своите претходници во поставувањето објекти, вклучувајќи сателити, во ниската Земјина орбита, наведува агенцијата.
Шефот на Роскосмос Дмитриј Баканов го опиша ова како „нова фаза во истражувањето на вселената“, додавајќи дека ќе создаде нови работни места во Русија и Казахстан.
Баканов рече дека Сојуз-5 е првата нова ракета-носач која Русија ја развила од 2014 година.
МИА
Ново на Сител
-

Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
-

„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД
-

Над 256 илјади случаи на сексуално насилство во ЕУ во 2024, во Македонија 131
-

Централна прослава по повод Денот на полицијата - 7 Мај
