Арагчи: Иран ќе прифати само „праведен и сеопфатен“ договор со САД

Иран ќе прифати само „праведен и сеопфатен договор“ во преговорите со САД за прекин на војната на Блискиот Исток, изјави денеска во Пекинг шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи.
Изјавата доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека во преговарачкиот процес е постигнат „голем напредок“.
– Ќе направиме сè што е во наша моќ да ги заштитиме нашите легитимни права и интереси во текот на преговорите. Ќе прифатиме само праведен и сеопфатен договор – изјави Арагчи по средбата со својот кинески колега, Ванг Ји. Тој не се осврна директно на предлогот на Трамп за пауза на американската операција за придружба на трговските бродови низ Ормуската Теснина, со цел да се олесни постигнувањето договор меѓу двете страни.
Ова е прва посета на Арагчи на Кина од почетокот на војната, која предизвика едни од најголемите потреси на нафтените пазари во историјата и ја доведе во прашање енергетската безбедност на Кина, како најголем увозник на нафта во светот. На средбата Арагчи истакна дека Кина е близок пријател на Иран и дека билатералната соработка уште повеќе ќе се зајакне.
Претходно неделава, американскиот министер за финансии, Скот Бесент, ја повика Кина да ги зголеми дипломатските напори за да го убеди Иран да ја отвори Ормуската Теснина за меѓународна пловидба. Тој додаде дека Трамп и кинескиот претседател Шји Џинпинг ќе разменат мислења за Иран на средбата планирана за 14 и 15 мај во Пекинг.
Бесент ја повика Кина да му се приклучи на Вашингтон во меѓународната операција за отворање на теснината. Дополнително, тој оцени дека Кина и Русија треба да престанат да ги блокираат иницијативите во Обединетите нации, вклучително и резолуцијата за заштита на трговското поморство во Ормуската Теснина.
МИА
Ново на Сител
-

МВР го бара лицето кое го чувало заловениот волк во Козле, му следува казна до 20.000 евра
-

Уапсен возачот што удри 13-годишен велосипедист во Скопје
-

Нови 11,3 милиони денари поддршка за занаетчиите, малите и средните претпријатија
-

Владата донесе одлука за отворање македонска Амбасада во Литванија
-

СВР Битола апелира граѓаните да внимаваат на пријави за лажни сообраќајни несреќи
-

Во следните три дена прекин во снабдувањето со вода за сите корисници од водоводот Росоки-Дебар
-

Новата сезона во Хераклеа почна со туристи од Шпанија, Франција, Германија и Белгија
-

Гевгелија најтопла со 14 степени, нестабилно време со дожд и грмежи во текот на денот
