Втор дел државна матура, полагање на изборниот екстерен испит
Матурантите денеска ќе полагаат втор дел од државната матура со тестот од екстерниот испит што го избираат. Од вкупно 15 899 кандидати, 14 320 се пријавиле за англиски јазик.
Математика ќе полагаат 1231, германски јазик 118, триесет кандидати има за тестот по француски јазик, 10 за руски јазик, 15 ќе полагаат филозофија и 100 кандидати се пријавени за естетика.
Првиот испит – Мајчин јазик и литература (македонски, албански или турски), кој е задолжителен, го полагаа на 4 јуни.
Резултатите од двата екстерни испита треба да бидат објавени најдоцна за 30 дена. Тие што нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 10 и 12 август.
Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), од вкупниот број 15 899 матуранти пријавени за државната матура, 7135 се од гимназии, 8504 од стручни и 260 од уметнички училишта.
Ново на Сител
-

Мисајловски: Следува нова ера во модернизацијата на македонската Армија
-

В недела продолжува судењето за корупција против Бенјамин Нетанјаху
-

За шест години во албанските затвори починале 139 осуденици, повеќето од здравствени причини, а 12 извршиле самоубиство
-

ЈО и ДЗР: Зајакнување на соработката за заштита на јавниот интерес
-

Трамп бара конкретни чекори од НАТО за Ормуската Теснина
-

Иран го ограничи преминот низ Ормуската Теснина на 15 бродови дневно
-

Мерц: Израелските напади врз Либан го загрозуваат примирјето со Иран
-

Мицкоски: И покрај историски најголемиот обем на криза, Владата се справува прилично стабилно
