Неколку илјади лица протестираа во Рим против уривањето миграциските кампови
Неколку илјади кандидати за азил, мигранти и нивните поддржувачи протестираа во италијанската престолнина против уривањето на миграциските кампови од страна на полицијата, пренесува БТА.
Некои од учесниците на протестот носеа транспаренти, на кои пишуваше „Бегалци, а не терористи".
Во четвртокот, италијанската полиција употреби водени топови за да растера околу 100 кандидати за азил, повеќето од Етиопија и Еритреја, од плоштад во Рим. Властите веќе ги протераа поголемиот дел од 800-те мигранти, кои самоиницијатвно се населиле во зграда во близина на плоштадот уште во 2013 година
Здруженија за заштита на човековите права и Агенцијата на ОН за бегалци протестираа против нивното иселување, бидејќи тоа било направено без претходно предупредување.
Многу азиланти спијат на улиците на Рим бидејќи немаат место за живеење.
Стотици илјади мигранти, спасени во Средоземното Море, пристигнаа во Италија во последните години, и некои италијански градови одбиваат да прифатат повеќе странци.
Ново на Сител
-
Првични резултати од прегласувањето на парламентарните избори
-
Ковачевски поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ
-
ЦУК: Поплавени дворови и подрумски простории во Драчево
-
Авион принудно слета на аеродромот во Тирана, патник се обидел да се самоубие
-
ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор
-
ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар