Loading Video...
Свет
22. May 2024 - 16:39

Преглед на вестите од светот

Норвешка, Шпанија и Ирска официјално ќе ја признаат Палестина како држава на 28 мај. Според нив, решението за две држави Палестина и Изарел е гарант за долгорочен  мир на Блискиот Исток.

Палестинците имаат основно, независно право на сопствена држава. И Израелците и Палестинците имаат право да живеат во мир во нивните држави. Не може да има решение со две држави без палестинска држава, а со други зборови, за мир на Блискиот Исток е потребна палестинска држава, посочи норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.

Шпанскиот премиер истакна  дека  признавањето на палестинската држава не е против Изарел, ниту во корист на Хамас.

-Премиерот Нетањаху нема мировен проект за Палестина. Бробата против терористичката група е легитимна и неопходна по настантите од 7 октовмри. Но, Нетањаху создава толку многу болка и тлку многу уништувања и толку многу гнев во Газа и остатокот од Палестина што одржливоста на решението за две држави е во сериозна опаснот,  истака премиерот на Шпанија, Педро Санчез.

- Израел реагираше луто, предупредувајќи дека потегот ќе значи поголема нестабилност во регионот и ги  повлече своите амабсадори во сите три земји.  Шефот на израелкката диплматија ги покани  амбасадорите на Ирска, Шпанија и Норвешка во Израел на разговор, на кој ќе гледаат снимки од киднапирањето на израелски војници на 7 октомври.  Палестина како држава во моментов е призната од 143 од 193 членки на ОН.

 

Поплави , одрони, штети на патната инфраструкутра, паднати дрвја   и порблеми со електричната енергија по големото невреме во Србија.  Вчера попладне и во текот на нокта силни ветрови, град и поројни дождови   го  зафатија Белград, Нови ПАзар и Сомбор кој беше прв на удар на невремето. министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ синока соопшти  дека во невремето во Сомбор  загинала една жена,  кога дрво паднало  врз возилото што го управувала. Силно невреме вчера  го зафати и континенталниот дел на Хрватска и делови од БиХ.