Македонија
19. July 2018 - 8:25

Сончево и ветровито време

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови. Во крајните североисточни делови можен е краткотраен дожд. УВ= 7 

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната температура од 22 до 30 степени. 

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 11, а дневната температура до 27 степени. 

Во наредните денови во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и суво време, до петок ќе биде ветровито со засилен северен ветер. Локално се уште ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. В сабота времето ќе биде сончево и значително потопло, а од недела попладне и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат и поинтензивни процеси.