-->
-->
Идната недела сончево и тивко, со надпросечни температури
-->

Во текот на следната недела ќе се задржи сончево и претежно тивко време со мала до умерена локална облачност. Во ноќните и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Како што информира УХМР, дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.
Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од -2 до 11 степени.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дел од центарот на Скопје денеска без вода
-

Цените на угостителските услуги за една година зголемени за 3,4 отсто
-

Отворање на новите простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово
-

Во Кран-Монтана затворен хотел со пет ѕвезди поради проблеми со противпожарната безбедност
-

Трамп: Неопходен е нуклеарен договор, што ќе го замени Нов Старт
-

Приведен е и вториот осомничен за фрлањето бомба врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
-

Времето денеска променливо облачно со дожд
-

Голема акција на МВР во поранешната фабрика ОХИС во врска со пронајдените 5 тони марихуана
