Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови

Во мај годинава издадени се 340 одобренија за градење, што е за 27,5 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година - објави денеска Државниот завод за статистика.
Најмногу одобренија за градење, 229, се издадени за високоградба. Во Источниот Регион издадени се најмногу одобренија за градење, 76, по што следуваат Скопскиот - 65, Полошкиот - 62, Југоисточниот - 51, Југозападниот - 36, Пелагонискиот - 24, Вардарсиот - 20, Североисточниот - 56.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6.669.367.000 денари, што е за 15,2 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 229 (67,3 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 22 (6,5 проценти) од нискоградба и 89 (26,2 проценти) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 340 објекти, на 214 (62,9 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 126 (37,1 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период предвидена е изградба на 840 стана со вкупна корисна површина од 71.561 квадратени. Во Источниот регион ќе се градат 249 станови, Југозападниот, 189, Скопскиот, 166,Југоисточниот 106, Полошкиот, 91, по 19 во Пелагонискиот и во Вардарскиот и еден во Североисточниот.
МИА
Ново на Сител
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
-

Синер без загубен сет го совлада Ѓоковиќ за финале на Вимблдон
