Арсовска - Томовска се сретна со холандскиот амбасадор Пломп
Проектите и активностите за реформа на јавната администрација и унапредувањето на состојбите во медиумската сфера беа тема на разговор на денешната работна средба во Скопје меѓу министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска - Томовска и амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Вилем Воутер Пломп.
На средбата, информираат од МИОА, амбасадорот Пломп ги пренесе холандските искуствата за реформите во јавната администрација и подобрувањето на состојбите во медиумската сфера.
За време на состанокот, министерката Арсовска - Томовска се осврна на најновиот извештај на Светскиот економски форум за информатичка технологија за 2016 година, според кој, Република Македонија се наоѓа на 46 место од вкупно 139 земји во светот, со што продолжува позитивното искачување на нашата земја во однос на ИКТ подготвеноста.
Двајцата соговорници изразија задоволство од средбата и оставија можност за соработка меѓу МИОА и Амбасадата на Холандија во иднина.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети