Македонија
3. May 2024 - 10:47

Приведени двајца дилери од Кичево

На 02.05.2024 во 21.40 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициската станица Кичево ги лишиле од слобода Б.Д.(32) и А.Д.(25), двајцата од Кичево, соопшти МВР.

При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.