Роднини на Осама бин Ладен загинаа во авионска несреќа во Јужна Англија
Роднини на поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен се меѓу четирите жертви во авионската несреќа во Јужна Англија, потврди амбасадорот на Саудиска Арабија во Лондон, но тој не го откри идентитетот на загинатите.
Саудискиот амбасадор принц Мохамед бин Науаф Абдел-Азиз изрази сочувство до семејството Бин Ладен, кое е сопственик на голема градежна компанија во Саудиска Арабија.
- Амбасадата ќе ја следи истрагата за несреќата и ќе се погрижи за побрзо транспортирање на телата на жртвите до Кралството, посочи амбасадорот Абдел-Азиз.
Авионот „Феном-300“ кој полета од Милано се урна при слетувањето на аеродромот Блекбуш во Хемпшир. Леталото се урна врз аеродромскиот паркинг и се запалило.
Семејството на Осама бин Ладен се откажа од него во 1994 година откако Саудиска Арабија му го одзеде државјанството поради неговата радикална дејност. Тој беше убиен од американски командоси во Пакистан во 2011 година.
Семејството Бин Ладен е многубројно и богата. Таткото на Осама, Мохамед беше милијардер и имаше над 50 деца. Тој загина во авионска несреќа во Саудиска Арабија во 1967 година. Еден од неговите синови, Салем загина откако со мал авион удри во далековод во Сан Антонио, Тексас, во 1988 година.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка