Loading Video...
Свет
4. May 2024 - 16:42

Преглед на вестите од светот

Натпреварот за песна на Евровизија ќе се одржи во шведскиот град  Малме следната недела. Шведските власти го означија настанот како високоризичен, а се проценува дека околу 100.000 луѓе ќе го посетат градот за време на најголемото музичко натпреварување во светот, со претставници од 37 земји кои годинава ќе учествуваат . Најавени се и бројни протести во врска со конфликтот во Појасот Газа и учеството на Израел на фестивалот, .Безбедносните мерки веќе се зголемени соопштија шевдските власти. Уверуваат дека полицијата е  добро подготвена и дека безбедносните планови се детално разработени. . Ангажирани се полицајци од сите делови на Шведска, а ќе им помогнат и колеги од Данска и Норвешка Вчера во Малме, недалеку од местото на оддржување на  Евровизија  се случи  инцидент – две лица запалија   примерок од куранот и го газеа палестинското  знаме. Палалњето на муслиманската света книга  беше емитувано во живо на платформата ТикТок.

Најмалку 14 лица загинаа во поплави и одрони на индонезискиот остров Сулавеси, предивикани од неколкудневните   поројни дождови. Поплавени се над 1000 куќи а спасувачките екипи ги евакуираат  жителите со гумени чамци. Со поплави веке неколку дена дена се бори јужен Бразил.  68 лица се водат како исчезнати соопштија тамошните власти.

На денешен ден пред 44 година во Љубљана почина доживотниот претседател на Социјалистичка ФЕдеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито. Мислењата за неговата улога и дело се спротивставени – за едни Тито е симбол за   мир и спокој во една земја која беше почитувана секаде во светот, но за други Тито е олицетворение на комунистички диктатор. Тито почина три дена пред својот 88 ми родеден а на неговиот погреб  присустуваа повеќе од 200 државници и истакнати личности од целиот свет. Набргу по неговата смрт дојде и  кравиот распад на Југославија.   Тито  официјално  ја посетил Македонија 16 пати во текот на 35-годишното владеење.  Последната посета на Македонија беше во октомври 1978 година. На скопските улици Тито го поздравија повеќе од 400 илјади граѓани. Неговиот гроб во Куќата на цвеќето  во белградската населба Дедиње ,сè уште е дестинација на бројни туристи, посетители и обожаватели од поранешните југословенски републики и од целиот свет.