Почна изградбата и реконструкцијата на патот Мокрино – Смоларе
Со средства од Владата во износ од 1,6 милиони евра денеска започна изградбата и реконструкцијата на локалниот пат Мокрино – Смоларе во општина Ново Село.
Премиерот Никола Груевски на отпочнувањето на градежните работи на патот истакна дека станува збор за проект кој е од големо значење за локалната економија, за туризмот и за олеснување на животот на населението.
Со неговата изградба, како што посочи, ќе се овозможи туристите по првпат преку една рута да ги посетат Колешинските и Смоларските водопади и Мокринските извори.
- Со изградбата на патот ќе се олесни комуникацијата на жителите, побрзо ќе се стига до магистралниот пат и жителите нема да заобиколуваат и да поминуваат дополнителни километри за да стигнат до своите куќи и викендици. Патот Мокрино – Смоларе е всушност продолжение на нашите инвестиции во патната инфраструктура во општина Ново Село и струмичкиот регион, рече премиерот Груевски.
Потсети дека досега се изградени локалниот пат Сушица – Кривагорица, реконструиран е дел од магистралниот пат од Струмица до бугарската граница, а најави дека следната година ќе се гради и патот Старо Коњарево – Ново Коњарево.
- Со тоа ќе се направи она што не било направено 30 години наназад. Ќе се направи целина и поврзување на целиот регионален пат со магистралниот пат и границата со Бугарија, истакна Груевски.
Според министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, патот во должина од четири километри треба да биде изграден за шест месеци.
Градоначалникот на Ново Село, Блажо Велков истакна дека годишно туристичките места во општина Ново Село ги посетуваат околу 40.000 туристи.
Со посетата на Мокрино, премиерот Груевски го заокружи престојот во струмичкиот регион, односно во општините Василево, Струмица, Босилово и Ново Село, каде промовираше повеќе проекти во вкупна вредност од четири милиони евра.
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога