Путин: Немаме никакви лоши намери кон нашите соседи
Секогаш сме кажувале, немаме никакви лоши намери кон нашите соседи, изјави рускиот претседател Владимир Путин, преку видео обраќање на церемонијата на подигање на руското знаме на траектот „Маршал Рокосовски“.
Путин додаде дека Русија само одговара на негативни постапки од други земји.
Тој ги советуваше соседните земји да не ја влошуваат ситуацијата и да не воведуваат ограничувања. Русија, како што додаде претседателот, ќе ги исполнува своите обврски и во иднина, како и досега.
– Не гледам потреба да се влошува ситуацијата, ниту да ги влошуваме нашите односи, истакна Путин.
Според него, ако некој не сака да соработува, тоа ќе ѝ наштети на Русија, но, земјата, како што тој тврди, сепак, ќе ги реши проблемите и ќе победи. Бидејќи, како што нагласи претседателот, ќе добие нови компетенции.
– Ние повеќе пати покажавме, а подготвени сме да го направиме тоа уште еднаш. Ако некој не сака да соработува со нас, си нанесува штета и самиот на себе. Се разбира, ни наштетува и нам, но, во што? Ќе мораме да поместиме некои проекти малку надесно, да добиеме дополнителни компетенции, на ист начин, како што го правевме тоа и за други проекти, додаде Путин.
Ново на Сител
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото
-
Мицкоски: Од Грција очекував честитки, а не политички мускули, повикувам на добрососедски и пријателски односи
-
РКЕ: Цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, се намалува само цената на мазутот