Почина францускиот полицаец кој се предаде на џихадист за да спаси живот на други
Почина полицаецот кој беше тешко повреден во вчерашниот терористички напад на југот на Франција, изјави франскиот министер за внатрешни работи Жерар Колон.
Полицискиот офицер Арно Белтрам (45) му се предаде на киднаперот во замена за ослободување на заложниците.
„Франција никогаш нема да го заборави неговото херојство, неговата храброст, неговата жртва“, напиша Колон на Твитер.
Францускиот претседател Емануел Макрон претходно изјави дека Белтрам „спаси животи и служи на чест на нашата војска и нашата земја“.
Три лица беа убиени вчера во југозападна Франција во серија напади, кога напаѓачот прво одзеде возило во градот каркасон усмртувајќи едно лице и ранувајќи две лица, а потоа зеде заложници во супермаркет во градот Треб, извикувајќи „Алах Акбар“, а за нападот одговорноста ја презеде терористичката „Исламска држава“.
Напаѓачот Редван Лакдим, 26-годишен, и беше познат на полицијата за ситни прекршувања на законите.
- Го следевме и сметавме дека не е радикализиран, но тој ненадејно презеде акција, изјави вчера Коломб на прес-конференција во Треб.
Киднаперот бил неутрализиран од страна на припадници на полицијата кои упаднале во супермаркетот.
Киднаперот, кој тврдел дека е припадник на џихадистичката група Исламска држава (ИД), вчера претпладне упадна во супермаркетот убивајќи две лица и задржувајќи тројца заложници. Набрзо тој ги ослободи заложниците и заедно о потполковникот на француската жандармерија, кој се јави доброволно да замени еден од заложниците, остана сам во супермаркетот. Тој двапати го застрела Арно Белтрам и му задал повеќе удари со нож, јави АФП, повикувајќи се на свои извори. Потполковникот цело време го држел отворен својот мобилен телефон, што и помогнало на полицијата да ја следи состојбата во супермаркетот.
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога