Одложена собраниската Комисија за надворешна политика
Собраниската Комисија за надворешна политика на која шестмина новоименувани амбасадори на Република Македонија требаше да реферираат за своите идни активности е одложена за понеделник за 16 часот.
Своите платформи за дипломатски активности ќе ги претстават амбасадорите Теута Агаи Демјаха во Мисијата на Обединетите нации во Женева, Шпреса Јусуфи во дипломатско-конзуларното претставништво во Приштина, Шабан Јашари во дипломатско-конзуларното претставништво во Доха, Светлана Гелева во Мисијата во Советот на Европа, Стразбург, Данчо Марковски во дипломатско-конзуларното претставништво во Тирана и Фатон Бејта во дипломатско-конзуларното претставништво во Копенхаген.
Владата кон средината на декември минатата година на затворена седница ја утврди листата со 19 предлози за назначување амбасадори во Атина, Белград, Загреб, Тирана, Брисел, Хаг, Москва, НАТО, Совет на Европа (Стразбур), ОН (Женева), Доха, Прага, Њу Делхи, Рим, Тел Авив, Копенхаген, Ватикан, Приштина и Пекинг.
Ново на Сител
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори