Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
Триесет и деветгодишен возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани. Сопатничката и двете малолетни деца поради здобиените повреди се пренесени во штипската Клиничка болница.
Пријавата во СВР-Штип е во 02:24 часот, изјави за МИА Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип.
Несреќата се случила во близина на клучката кај селото Крупиште, а според првичните информации, во несреќата учествувало само едно возило. Автомобил марка рено „лагуна“ со скопски регистерски таблички излетало од коловозот, а од здобиените повреди починал возачот И.М од Скопје.
Увидот во несреќата е во тек. Сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани се одвива по двете коловозни ленти.
На овој експресен пат од почетокот на годината досега во три тешки сообраќајки, животите ги загубија пет лица.
Ново на Сител
-
ПМФЛ: Вардар го зачува прволигашкиот статус
-
Еден загинат, а двајца ранети во пукањето на „Пластичарска“
-
Повеќе од една недела не работат хируршките сали на Клинички, Демири ќе одржи прес-конференција
-
ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт
-
Пукање на Пластичарска, најмалку тројца ранети
-
Силен земјотрес регистриран на Тонга
-
100 санкционирани возачи во Скопје
-
Најмалку тројца загинати во поплавите во Ерменија и Грузија