„Блумберг“: САД ќе протера руски дипломати поради случајот „Скрипал“
Американскиот претседател Доналд Трамп има намера да протера повеќемина руски дипломати поради скандалот со труењето на поранешнит руски таен агент Сергеј Скрипал во Велика Британија, тврди „Блумберг“.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, изданието повикувајќи се неколку извори од американската Администрација, наведува дека Трамп е подготвен да протера десетина руски дипломати од САД.
Истите извори тврдат дека таквата одлука може да биде објавена в понеделник, иако истакнуваат дека решението на Трамп се уште не е целосно утврдено.
Во некои американски медиуми претходно беа објавени информации дека Советот за национална безбедност на САД препорачал протерување на руски дипломати во врска со „атентатот врз Скрипал во Велика Британија“.
Претходно, и официјалниот претставник на Стејт департментот, Хедер Науерт не ја исклучи можност за воведување санкции кон Москва во врска со случајот Скрипал.
Сергеј Скрипал, поранешен соработник во руската воена раззузнавачка служба ГРУ и неговата ќерка беа затруени со нервен гас на 4 март во парк во англискиот град Солсбери. Тие сега се во кома и не се знае дали ќе преживеат. Според лекарски извори, нивната состојб е „стабилна, но критична“.
Ново на Сител
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице
-
Инцидент на Скопскиот аеродром: Србин скршил стакло на заштитна врата, полицијата го уапсила
-
Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за Босна и Херцеговина
-
Вработените во ФЗОM на предупредувачки протест
-
Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон
-
Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот