Зеленски: Русија веднаш да ги прекине нападите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го осуди руското бомбардирање на Украина, во кое во текот на ноќта во Киев загинаа најмалку девет лица, и притоа ја повика Русија „веднаш да ги запре“ нападите.
„Поминаа 44 дена откако Украина се согласи на целосен прекин на огнот и прекин на воздушните напади… И поминаа 44 дена откако Русија продолжува да го убива нашиот народ“, изјави украинскиот лидер на мрежата X.
Тој додаде дека „воздушните напади мора веднаш и безусловно да се прекинат“.
Зеленски рече дека ја прекинува посетата на Јужна Африка и се враќа дома откако Русија го нападна Киев.
Русија синоќа истрела 70 проектили и 145 беспилотни летала врз шест региони на Украина, соопшти украинското воздухопловство.
Воздухопловните сили „откриле и следеле 215 непријателски воздушни цели“, од кои 112 биле уништени, се наведува во соопштението на Телеграм.
Ново на Сител
-

СДСМ го обвини Деспотовски за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тој вели - Ова не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде
-

Гаши најави дебата за измени на Изборниот законик
-

Сиљановска Давкова: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива
-

Дедо Мраз пристигна на Скопскиот плоштад
-

„Бегалка“ по 55 години на сцената на Струмичкиот театар
-

Расте бројот на станоиздавачи
-

Нелегалната сеча се намалува, пријавите се зголемуваат
-

Преглед на вестите од светот
