Преглед на вестите од светот
Москва го нападна Киев со беспилотни летала пред клучната средба Трамп – Зеленски на Флорида.
Најмалку 28 луѓе, меѓу кои и деца се повредени во нападот врз цивилни згради во украинската престолнина.
Уништени објекти и пожари во згради во кои живеат цивили е резултатот од нападот на Кремљ. Штети врз објекти и возила се забележни во седум од вкупно 10-те дистрикти во Киев.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку аудио порака се обрати од авионот со кој лета кон Америка.
Денеска Русија покажа како реагира на мировните преговори меѓу Украина и САД, насочени кон прекинување на руската војна против Украина. Тие започнаа масовен напад врз Украина. Додека се упатуваме кон мировни преговори, Русија го дава својот одговор јасно. Најважно е сега дека ако преземеме одредени чекори, мора да обезбедиме силни гаранции и да ја обезбедиме нашата заштита.
Првата дестинација му е Канада, кадешто според агендата, прво треба да се сретне со премиерот Марк Карни.
Пред средбата со Трамп на Флорида, ќе одржи и онлајн конференција со европските лидери за да ги информира за деталите и документите кои ќе бидат предмет на средбата со американскиот претседател.
Мора да работиме на минимизирање на нерешените прашања. Денес постојат јасни црвени линии за Украина и нејзиниот народ. Уверен сум дека има компромисни предлози од Американците - ги знаеме. Нашиот непријател веројатно има свои цели, а и ние сме свесни за нив. Овие прашања се исклучително чувствителни: територии, нуклеарната централа Запорожје. Ја знаете мојата позиција - ние нема правно да признаеме ништо.
Според објавите во западните медиуми, двајцата претседатели треба детално да разговараат за ажурираниот мировен план кој го договараа Вашингтон и Киев. Во него, барем според медиумските извештаи, се предлагаат безбедносни гаранции од САД, НАТО и Европа за координиран воен одговор доколку Русија повторно ја нападне Украина.
Слободна економска зона е потенцијална опција за источниот регион Донбас од кој Путин не сака да се откаже.
Снежна бура го парализираше Њујорк. Речиси 1.700 летови се откажани само денеска.
Националната метеоролошка служба на САД предвидува снежна покривка во градот од 13 до 28 сантиметри. Локалните власти побараа од жителите да избегнуваат патувања и да останат дома доколку е можно.
Бурата би можела да ги донесе најголемите снежни наноси во градот во последните три години.
Летови се откажани и на други аеродроми на источниот брег, како Филаделфија и Балтимор, но и во Торонто, најголемиот деловен центар во Канада.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
