Зеленски: Ако Русија сака нашите војници да се повлечат од нашата земја, тоа значи дека не сака крај на војната
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е отворен за понатамошни преговори со Москва, но повтори дека украинските војници нема да се повлечат од териториите кои Русија ги анектираше.
– Ако Русија постави услов нашите војници да се повлечат од нашата земја, тоа значи дека не сакаат примирје ниту крај на војната“, рече Зеленски вчера, откако американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговараше со рускиот колега Владимир Путин.
– Москва тоа го разбира, рече Зеленски, нагласувајќи ја улогата на украинската војска во заштитата на својата територија.
Русија во повеќе наврати порача дека нејзино барање во мировните преговори е силите на Киев да се повлечат од четирите украински области, Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, над кои Русија нема целосна контрола.
Зеленски потврди дека Трамп го контактирал еднаш пред разговорот со Путин и еднаш, заедно со европските лидери, по разговорот со рускиот претседател.
По телефонскиот разговор со Путин, Трамп рече дека преговорите меѓу Русија и Украина ќе почнат „веднаш“.
Украинскиот лидер ја изрази својата отвореност кон понатамошни преговори на високо ниво со Русија, САД и европските земји и додаде дека тие состаноци би можеле да се одржат во Турција, Ватикан или Швајцарија.
Зеленски рече дека сега очекува детали за меморандумот што го спомена Путин по разговорот.
Путин во соопштение за медиумите по разговорот рече дека меморандумот ќе ја утврди временската рамка и принципите за мирно решавање на конфликтот, вклучително и можен прекин на огнот.
Ново на Сител
-
Приведен 44-годишен кумановец, се заканувал на полициски службеници и носел остар предмет
-
65-годишна жена измамена преку социјална мрежа за сума од 6.700 евра
-
До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените
-
68-годишник од Скопје измамен од женско лице за сума од 48.875 денари
-
Кривична против 49-годишник од Дебар, физички нападнал адвокат во судница
-
Муцунски и Лами ја потпишаа Декларација за стратешко партнерство
-
Приведен 32-годишник од Струга, при претрес во неговиот дом пронајдена е дрога
-
Акциска контрола во угостителски објект во тетовско, приведени сопственикот и пет странски државјанки