Поранешен шеф на ЦИА, Џон Бренан: Нападите на Трамп врз Иран се катастрофална грешка

Поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, изјави дека воените напади на претседателот Доналд Трамп врз Иран биле „драстично лоша грешка“. Во емисијата „The Weeknight“ Бренан ги спореди нападите со американската инвазија на Ирак во 2003 година, за која тврди дека предизвикала децении хаос.
„Мислам дека ова е втор пат во овој век САД да направат катастрофална грешка со вклучувањето во конфликт на Блискиот Исток. Првиот пат беше во 2003 година кога го нападнавме Ирак, што предизвика години и години хаос, насилство и тероризам“, рече Бренан.
„Тоа доведе до подемот на ИД и сè уште заздравуваме од 20-те години на тој хаос. Сега го започнуваме овој голем напад врз Иран, многу голема земја, многу поголема од Ирак“, додаде тој. „Она што го видовме во изминатите неколку дена се катастрофални напади врз Иран и иранската Влада. Иранскиот режим во моментов не попушта и затоа напаѓа блиски цели со сите расположиви средства, без разлика дали станува збор за американски бази или за арапските земји од Заливот.“
„Сведоци сме на трагична, бесмислена и непотребна загуба на животи. Како што рече сенаторот Ворнер, немаше непосредна закана“, продолжи Бренан. „Мислам дека е јасно дека администрацијата сега измислува работи за да се обиде да го оправда тоа што се случува.“
„Она што ми е јасно е дека Бенјамин Нетанјаху, кој долго време посакуваше ваков вид воена операција против Иран, успеа да го освои Трамп и да го вовлече во нешто вакво“, заклучи Бренан, кој беше шеф на ЦИА од 2013 до 2017 година.
МИА
Ново на Сител
-

44-годишник загина откако со возилото излетал од патот на обиколницата Скопје - Тетово
-

Голем пожар во познатиот штипски ресторан „Мал одмор“ | ВИДЕО
-

Почна судењето за убиството на 79-годишна жена во Штип, обвинетиот не признава вина
-

За еден месец полицијата одзела 25 возила на подрачјето на СВР Охрид поради безобѕирно управување
-

Државјани од Србија и неколку македонски државјани кои беа евакуирани од Израел, пристигнаа во Белград
-

Кривичен суд: Реализирана прва екстрадиција од Емиратите во нашата земја
-

Четири ленти и велосипедска патека, започнува изградбата на булеварот „Борис Трајковски“
-

Мерц: Трамп ме увери дека американската армија ќе остане во Германија
