Збогум легендо: Почина фронтменот на култните „Моторхед“

На 71-годишна возраст почина фронтменот на легендарната британска група „Моторхед“, Иан „Леми“ Килмистер, објави бендот на својата интерент страница.
Во соопштенето се наведува дека Килмистер починал во неговиот дом, при што се повикуваат обожавателите гласно да пуштаат песни на групата и да испијат неколку пијачки во негова чест.
- Не постои едноставен начин да го кажеме ова... Нашиот моќен и благороден пријател Леми почина денеска по кусата борба со екстремно агресивниот рак. Не можеме да искажеме колку сме шокирани и тажни. Не постојат зборови за тоа. Славете го животот на овој прекрасен човек, како што тој и самиот правеше. Тој би го сакал токму тоа. Иан „Леми“ Килмистер 1945-2015. Роден да губи, живееше да победи, стои во соопштението на „Моторхед“, објавено синоќа.
Поради лошата здравствена состојба на Леми, „Моторхед“ последниве недели откажа неколку најавени настапи/
Килмистер веќе со години се соочуваше со здравствени проблеми. Во 2013 година нему му беше вграден дефибрилатор, а последниве месеци примаше и хемотерапија.
Ново на Сител
-

Тошковски: Целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки животи
-

Кузмановски: Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа
-

Со звукот на сирената Македонија ја совлада Романија на ЕП
-

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште
-

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците
-

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
-

Пронајден возачот кој се снима како вози 293 км/ч и се фали на социјалните мрежи
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
