Крај на телевизиската ера на Оскарите - од 2029 година ќе се емитуваат преку Јутјуб

Доделувањето на Оскарите, еден од најзначајните светски телевизиски настани, од 2029 година ќе се префрли од телевизијата Еј-Би-Си на платформата Јутјуб, соопшти Американската академија за филмски уметности и науки.
Телевизијата Еј-Би-Си ќе го пренесува настанот до 2028 година, кога ќе се одржи јубилејното 100-то доделување на Оскарите, а од 2029 до 2033 година, Јутјуб ќе ги поседува ексклузивните права за пренос во живо. Со овој договор Јутјуб станува главна дигитална платформа за сите содржини поврзани со Оскарите, вклучувајќи го преносот од црвениот тепих, доделувањето на Гувернерските награди и објавувањето на номинациите.
Свеченото доделувањета ќе биде достапно бесплатно за публиката ширум светот, со повеќејазичен аудиопренос со титлување.
– Со ова партнерство Академијата го проширува своето светско достигнување и ја приближува церемонијата до нова публика, изјави извршниот директор на Академијата Бил Крамер и претседателката Линет Хауел Тејлор.
Иако големите манифестации сè повеќе се насочуваат кон стриминг- платформите, Оскарите се први меѓу т.н. „голема четворка“ што целосно се откажуваат од класично телевизиско емитување. Така, еден од најгледаните настани преминува под водство на „Гугл“, чија платформа Јутјуб има околу две милијарди корисници.
Овој договор претставува културно партнерство кое ја слави уметноста со цел да се инспирира новата генерација на филмски автори и публика, изјави Нил Мохан, извршниот директор на Јутјуб.
За таквата донесена одлука од страна на Американската академија за филмски уметности и науки, Еј-Би-Си засега се воздржаа од коментари. Телевизијата децении наназад го емитуваше доделувањето на оскарите од 1961 година, со исклучок на периодот од 1971 до 1975 година, кога церемонијата беше повторно емитувана од Ен-Би-Си.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
