Застрелан Близнакот од Ѓорче - Еден од телохранителите на раководството на СДСМ

Со три прострелни рани, вчеравечер околу полноќ бил донесен во болница Даниел Трајковски, во скопското криминално подземје познат како Близнакот од скопската населба Ѓорче Петров, јавува порталот Старт, повикувајќи се на болнички извори.
Според информациите, Близнакот бил донесен во Ургентниот центар на Клиниките „Мајка Тереза“ со прострелни рани во пределот на градниот кош, стомакот и раката.
Според информациите објавени во медиумите, на пукотниците им претходела брктоница со автомобили во при која, повредениот загубил контрола, удрил во една жардинера на булеварот Партизански одреди кај бензинската станица Макпетрол по што врз него биле истрелани повеќе куршуми.
Според неофицијалните информации, Трајковски бил сам во возилото. По пукањето, напаѓачот побегнал. Трајковски според неофицијалните информации во болница е префрлен во полу свесна состојба и веднаш испратен на операција.
Даниел Трајковски Близнакот е познат лик во скопското подземје. Никогаш не ја криел својата блискост со СДСМ, а често фигурираше и како телохранител на дел од највисоките структури на партијата.

Од МВР се уште нема официјални информации, но дел од медиумите веќе почнаа да шпекулираат со можните причини за инцидентот. Според овие шпекулации, Близнакот станал жртва на луѓето од кои изнудувал пари.
Се очекува во текот на денот полицијата да излезе со подетални информации.
Ново на Сител
-

Колкави плати земаат функционерите?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Полиција го чува Груби во домашен притвор, МВР и АНБ процениле дека не може да му се гарантира безбедноста во “Шутка”
-

Филков бара одговорност со име и презиме за куќниот притвор на Груби
-

Од денеска 6 фирми за производство на канабис останаа без дозволи за работа
-

Ќе се намалуваат функционерските плати за околу 200 евра
-

Ќе се воведува дуалниот концепт и во високото образование
-

Угостителите добија време од една година за да се прилагодат на новиот закон за заштита од пушењето
