Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси

Прифатено е одложувањето на примената на законот за пушење на отворени тераси од три страни, за да им се остави време на сопствениците на локалите да може инфраструктурно да ги прилагодат кон барањата на законот. Во однос на електронските цигари, тие ќе бидат забранети за корисетње во затворен простори, а забранети за продажба ќе бидат и сите вкусови што се атрактивни за младите, најави министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.
- Процесот за забелешки за тој закон е веќе завршен. Работните групи имаа консултации со стручните лица и со сите „стејкхолдери“ во државата. Исто така, јас и премиерот заедно имавме неколку состаноци и со производители и со потрошувачи, но, исто така и со компании, ресторани, кафулиња и така натаму. Дефинитивно имаше забелешки што беа логични и може да бидат прифатени. Но, имаше и такви што не беа прифатени. Прифатено беше одложувањето на примената на законот за тераси - отворени тераси од три страни, што, за жал, сега се затворени. Им треба време за да може инфраструктурно да се прилагодат кон законот, појасни министерот во врска со новиот закон за заштита од пушење на населението.
Продажба на електронски цигари со вкус било половично прифатено барање.
- Барање што е половично прифатено беше продажба на електронските цигари со вкус. Има вкусови што се директно наменети за младата популација. Целта на законот е заштита на населението со фокус на млади. Како држава сме на врвот во Европа за консумирање нетрадиционални таканаречени помалку штетни или модерни електронски цигари и ќе бидат забранети сите тие вкусови што се благи и атрактивни за младите, а според направените анализи и според барањата, ќе дозволиме да се продаваат само електронски цигари со неутрален вкус и со вкус на тутун, истакна министерот.
Барање што не се прифатило било тоа електронските цигари да продолжат да се консумираат во затворени простории.
- Тоа не беше прифатено. Цениме дека тие се исто така штетни колку што се традиционалните цигари и нема да биде прифатено тие да се консумираат во внатрешни простории, нагласи министерот.
МИА
Ново на Сител
-

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија
-

Путин ја обвини Украина дека ги минира мировните преговори
-

Елиминиран освојувачот на Купот Вардар - полуфинале за второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново
-

Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата
-

Жителите на Старо Нагоричане се вознемирени поради можноста во нивната околина да постои сериски убиец
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
