Започнуваат со работа 500 мобилни здравствени единици во Грција за грижа и земање примероци на можни случаи на Ковид-19
Од денеска во Грција започнуваат со работа 500 мобилни здравствени единици за специјална намена, чија задача ќе биде да ги посетуваат домовите на сомнителни или можни случаи на Ковид -19 за земање примероци од биолошки материјал и за пружање медицинска нега, јави дописничката на МИА од Атина.
Мобилните единици се во надлежност на Националната организација за јавно здравје на Грција, а согласно заедничката одлука на заменик-министерот за финансии, министерот за развој и инвестиции и министерот за здравство планирано е изнајмување до 500 возила, обука на 2.000 нови здравствени работници во болниците, здравствените центри и брзата помош и 1.000 членови на мобилната единица за специјална намена.
Во однос на регионите што ќе ги посетува мобилната единица на целата територија, одлуката ќе ја носи Националната организација за јавно здравје на Грција.
Според министерската одлука објавена во Службен весник, процените се дека трошоците за персоналот во првата фаза на активностите се во висина од 5.010.000 евра.
Заменик-министерот за здравство на Грција Василис Кондозаманис, на вчерашната редовна прес конференција за Ковид-19, рече дека станува збор за програма финансирана од европски средства, односно од оперативната програма за реформи во јавниот сектор.
Ново на Сител
-
АХВ: На македонскиот пазар не е пласиран сендвич со шунка контаминиран со листерија
-
Упасени двајцата малолетни хулигани поради претепување и убиство на братот на вицепремиерот на БиХ
-
Во март 79 отсто од потрошената струја од домашни извори
-
Мицкоски: Очекуваме поддршка од сите што се потпишани Гаши да биде претседател на Собранието
-
Димитриевски: Ќе го поддржиме Гаши за претседател на Собранието
-
Земјотрес регистриран во Скопје
-
Пожарникари од Радовиш цела ноќ гаснеле опожарена дабова шума, пожарот се уште активен
-
Во Битола пронајдени 1408 пушки од балканските војни