Косово доби статус на придружна членка во Парламентарното собрание на НАТО
Собранието на Република Косово денеска доби статус на придружна членка во Парламентарното собрание (ПС) на НАТО, на сесијата на ПС што од вчера се одржува во Софија.
Веста, како што јави дописникот на МИА Приштина, ја објави пратеникот на владејачката косовска партија, Движење Самоопределување, Дритон Хисени, кој заедно со пратеникот од опозициската Демократска партија на Косово, Џавит Халити присуство на сесијата на ПС на НАТО во бугарската престолнина.
„Со одлука на Парламентарното собрание на НАТО, од денеска, 27 мај 2024 година, Собранието на Република Косово има статус на придружна членка во Парламентарното собрание на НАТО.
Според косовските медиуми, за прием на Косово како придружна членка во ПС гласале мнозинството членки на Алијансата, еден глас бил против а 14 земји биле воздржани.
Вчера делегацијата на Собранието на Србија преку писмо побара да не се унапредува статусот на Косово.
Во соопштението на српскиот Парламент се вели дека доделувањето на таков статус ќе биде „награда за Приштина“, која, според Белград, прави сè за да го спречи дијалогот меѓу двете земји со посредство на Европската унија и да ги избегне обврските од договорите постигнати во Брисел.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа