Балкан
27. May 2024 - 13:45

Неделава Србија повторно оди на избори-за град Белград и на локални избори

Во Србија финишира изборната кампања за претстојните избори за Собранието на Град Белград, 14 други градови и за 74 локални самоуправи што ќе се одржат во недела на 2 јуни.

Овие избори се значајни бидејќи може да го променат политичкиот пејзаж на главниот град, каде опозицијата, и покрај бојкотот на поголемите партии, се надева на победа против владејачката Српска напредна партија (СНС), како и во Ниш, Нови САД и Чачак, јави дописникот на МИА од Белград.