Заев: Ги славиме слободата на државата и на театарската уметност

Театарот е силен медиум со чие посредство, со атрактивни и предизвикувачки претстави на сцената, пред публиката се разобличуваат негативните појави со кои се соочува светот денес, и, во исто време, се посочуваат добрите сили, кои во себе ја носат светлината и надежта, истакна премиерот Зоран Заев на синоќешното отворање на 25. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.
Во своето обраќање, премиерот Заев посочи дека театарот е единствената уметничка форма во која човекот актер му се обраќа на човекот во публиката и затоа театарот не е само сценско раскажување приказни, туку место за средби меѓу луѓето, меѓу актерите и публиката.
Осврнувајќи се на поклопувањето на фестивалот со Денот на независноста на државата, премиерот Заев рече дека со почетокот на годинашниот фестивал и на државниот празник се празнува и театарот и актерот и нивната слобода.
- Го празнуваме театарот и актерот и нивната слобода со почетокот на годинешниот Фестивал на камерниот театар, и нашиот државен разник Денот на независноста, 8 септември. Да ги направиме годините што се пред нас, најдобри години во животот на идните поколенија. Им го должиме тоа на идните генерации, како што нас не задолжија нашите претходници кога ни ја даруваа независноста на Република Македонија, порача Заев.
Тој посочи дека Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица за прв пат е одржан само една година по независноста на државата со што се покажало дека и градот и државата се впуштиле во создавањето на нови културни вредности.
- Низ годините што следуваа фестивалот прерасна во особено значајна манифестација на културната мапа во нашата држава. Со својот раст и развој се издигна во меѓународни рамки и претставува театарски празник кој секоја година со внимание масовно го следи публиката од Струмица, од целата наша земја, како и од регионот, рече Заев.
Тој најави дека поддршката за културата и уметноста во Струмица ќе продолжи и во иднина, посочувајќи притоа дека меѓу првите работи што ги направила новата Влада во првите 100 дена од својата работа било да се обезбеди поддршка на повеќе културни манифестации.
- Така ќе биде и во иднина. Ја исправаме повеќегодишната неправда кон Струмица и овие манифестации, кои добиваа безначајни средства и беа речиси игнорирани само поради тоа што доаѓаат од град, со кој раководеше политичка опција спротивна на онаа која 11 години владееше со нашата земја. Новата влада, донесе и нов пристап во поддршката на културата. Еднаков старт за сите иницијативи. Квалитетот, иновативноста, инклузивноста, модерниот израз и јавниот интерес се само дел од критериумите. Непринципиелните привилегии, партиски обоените фаворизирања и протекционизмот во културата, се минато, потенцира Заев.
За време на одржувањето на фестивалот публиката ќе може да види десетина театарски претстави чии актери ќе се натпреваруваат за единствената награда што го носи името на доајенот на македонското глумиште Ристо Шишков.
На сцената на Центарот за култура „Антон Панов“ ќе настапат актери од Македонија, Косово, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Очекувам законот за прекршоци да помине на следната собраниска седница, а „Безбеден град“ да почне од 1 февруари
-

Апел за совесно и одговорно фрлање отпад - Се чистат диви депонии во Аеродром
-

Истрага против лице од Чучер Сандево за нелегално оружје и закани кон семејството
-

НП Шар Планина пријави во полиција попречување на нивната работа на терен
-

За Богојавление - Водици автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок кај 10 линии
-

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје
-

Инвестирани над 65 милиони евра во образованието во последната една и пол година, вели Мицкоски
-

Загрижувачки тренд поради кој жените се откажуваат од љубовните врски
