Според најновиот индекс македонскиот пасош е подобро рангиран од Албанија, БиХ и Турција

Најновиот Хенли индекс на пасоши покажува големи разлики во слободата на патување меѓу државите.
Индексот ги рангира пасошите според бројот на дестинации до кои нивните носители можат да пристапат без претходно добивање виза.
Сингапур е на првото место, додека Јапонија и Јужна Кореја се изедначени на второто место.
Третата позиција ја делат пет европски држави – Данска, Луксембург, Шпанија, Шведска и Швајцарија (186 дестинации), додека на четврто место се 11 европски земји (185). Петтото место го делат Унгарија, Португалија, Словачка, Словенија и ОАЕ (184), каде што последниве две децении е забележан голем раст.
Следуваат Хрватска, Чешка, Естонија, Малта, Нов Зеланд (шесто место), Австралија, Латвија, Лихтенштајн и Велика Британија (седмо), Канада, Исланд и Литванија (осмо), Малезија (девето), а САД се вратија на 10. место со 179 дестинации. Бугарија и Романија се на 11. место (178).
Во регионот, најдобро рангиран е Србија (34. место, 136 држави), Македонија и Црна Гора (38. место, 128), БиХ (42. место, 122), Албанија (43. место, 121) и Турција (46. место, 113).
Косово е најслабо рангирано (59. место, 81 држава), заедно со Кина и Боцвана.
Минатата година пак најдобро рангирана земја од регионот била Грција, чиј пасош се најде на 6. место со можност за посета на 186 држави без виза.
На дното на листата се држави со конфликти или кризи: Пакистан, Јемен, Ирак, Сирија, а последен е Авганистан со само 24 дестинации без виза.
Ново на Сител
-

Променливо облачно време со дожд, на планините снег и заладување од недела
-

ЗОИ 2026: Симболичен настап на Јада во квалификациите на крос-кантри спринтот
-

Нивото на водата на Охридското Езеро 16 сантиметри над февруарскиот просек
-

Хероин пронајден при претрес во Гостивар, уапсен 69-годишник
-

Мета и Гугл обвинети дека намерно создале зависност кај младите корисници
-

Позната причината за смртта на Кетрин О’Хара
-

ССМ ја започна блокадата на Собранието, бара зголемување на минималната плата на 600 евра
-

Герасимовски: Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање
