-->
-->
ОН: Заедничка средба Нимиц-Димитров-Коѕијас во Виена на 30 март
-->
Прес - службата на ОН поладнево ја потврди информацијата што претходно ја објавија македонското и грчкото МНР дека шефовите на дипломатиите на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе имаат средба со медијаторот Метју Нимиц на 30 март во Виена.- Метју Нимиц, специјалниот претставник на Генералниот секретар ќе има заедничка средба со Никос Коѕијас, министер за надворешни работи на Република Грција и Никола Димитров, министер за надворешни работи на поранешната Југословенска Република Македонија на 30 март во Виена. Средбата е дел од напорите на ОН за посредување меѓу двете земји за наоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето за името, се вели кусото соопштение од прес-службата на ОН.
Димитров и Коѕијас, пред новата рунда разговори со Нимиц, ќе имаат билатерална средба во Скопје во четврток кога грчкиот Министер за надворешни работи ќе дојде во официјална посета на Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со отец Антонио Апостолоски, од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-

Православните христијани го празнуваат Бадник
-

Бадниковите поворки низ Македонија го најавија Христовото раѓање
-

Лекарски совети за празници без здравствени ризици
-

Македонците ќе зборуваат без роаминг со граѓаните од Унијата на есен
-

Партиите со препукувања и празна реторика за време на празници
-

Растат цените и побарувачката за станови во Струмица
-

Пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција
