Заврши лидерската средба

По речиси три часа, во Клубот на пратениците заврши лидерската средба што ја иницира премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на која требаше да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања на предлог на учесниците на средбата.
Покрај Мицкоски, на средбата од коалициските партнери во Владата присуствуваа генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација, Горан Минчев, како и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата „Вреди“. Од опозициските пратенички групи присутни беа лидерите на Левица и на ДУИ, Димитар Апасиев и Али Ахмети.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој го одби повикот на Мицкоски, не дојде на средбата.
По лидерската се очекуваат изјави на учесниците.
Премиерот Христијан Мицкоски на 7 јануари најави дека ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, која би се одржала пред неговото заминување на Светскиот економски форум во Давос, а теми на средбата, како што рече, би биле консензус за реформските закони и укинување на техничката влада. За клучните прашања за државата, Мицкоски истакна дека очекува консензус од лидерствата на сите парламентарни коалиции, како и дека дневниот ред може да биде проширен и дополнет од страна на другите.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на 8 јануари го одби повикот за лидерска средба за укинување на техничката влада обвинувајќи дека Мицкоски „бара алиби за распишување предвремени избори“. Според Филипчe, техничката влада мора да остане зашто била гарант за фер избори и контролен механизам за да се спречи злупотреба на институциите. За реформската агенда, пак, рече дека дискусијата за законите ќе се води во парламентот, каде што СДСМ ќе ги поддржи сите. Додаде и дека СДСМ во секој случај ќе учествува на парламентарните избори, ако бидат распишани.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
