За излез од ГП Табановце се чека од 30 до 45 минути
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ и додаваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
– Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од АМСМ.
Воедно, од таму информираат дека патниот правец по Обиколница Велес – Скопје кај Хиподром е нормализиран во целост. Сообраќајот беше во прекин од изутрината поради сообраќајна несреќа.
АМСМ исто така препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
