Николоски: На автопатот Кичево-Охрид во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се реализира со забрзана динамика. Две галерии се целосно завршени, а на третата интензивно се работи. Во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани, 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите, најави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска изврши увид во градежните активности на трасата и изградба на галериите на потегот од Пресека до Кичево.
Николоски подвлече дека осумте галерии на кои се работи се голем инженерски потфат, како и дека паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите и на двете цевки на тунелите, со што, потенцира, за неколку месеци од денес овој дел од автопатот ќе биде функционален и ставен во функција.
- Бројките се навистина импресивни. Само овие три галерии коишто се позади мене се во должина од 1 километар и 100 метри, додека тунелите ќе бидат најдолги во Македонија, едната цевка во должина од 2 километри, другата цевка во должина од 2 километри и 100 метри, како што кажав, најдолги тунели во Македонија, а галерии првпат од овој тип се изведуваат не во Македонија, туку во целиот регион – рече Николоски.
Како што нагласи, изгрaдбата на галериите било најдоброто решение за стабилизација на земјиштетo, што на терен се покажува како ефикасно решение. Најави во скоро време пуштање на нови делници за сообраќај.
- Ова беше најпаметното и најдоброто решение за стабилизација на земјиштето. За да ја заштитиме трасата, за да имаме безбедно возење, овие инженерски чуда коишто се позади нас беа најдоброто решение. Ова беше напуштен проект, ова беше проект во којшто никој не веруваше, но еве го, веќе се гледа крајот, веќе имаме 34 километри на коишто се вози, а во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите - истакна заменик претседателот на Владата, Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

Кампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш
-

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство
-

Собранието ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија
-

Деветгодишно дете тешко повредено во судир со автомобил додека возело електричен тротинет
-

Им ветил заработка од криптовалути, двајца скопјани измамени за 2,3 милиони денари
-

Герасимовски: Центар со финансиска помош за штетите од невремето, објавен јавен повик
-

Годинава ќе заврши подготовката за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево
-

Мицкоски: Со ребаланост во буџетот ќе ги исплатиме наследените долгови во земјоделството
