-->
-->
Во Кочани намалена цената на геотермалната вода за 17 отсто
-->
Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани кое стопанисува со геотермалниот систем во Кочанско, ја намали цената на геотермалната вода за 17 отсто.
По одлуката на Управниот одбор на претпријатието, и советниците на општина Кочани донесоа одлука за намалување на цената на геотермалната вода.
- Ја намаливме цената на геотермалната вода од 38,10 денари на 31,60 денари или поточно за 6,50 денари што е 17 отсто. Ова го направивме водени од промената на цената на одредени калкулатувни елементи што влегуваат како составен дел на крајната цена на геотермалната вода, изјави директорот на „Водовод“ од Кочани Љупчо Папазов.
Според Папазов новата намалена цена на геотермалната вода ќе се применува од 1 јануари 2016 година. Корисници на геотермалната вода од изворите кај село Подлог се оранжерискиот комплекс во Подлог и Кочани, како и двете основни, едно средно училиште и општинскиот суд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата