-->
-->
Во Кавадарци превентивна акција за безбедност на учениците во сообраќајот
-->
Превентивна акција за безбедност на учениците во сообраќајот беше реализирана денеска во Кавадарци, од страна на Одделението за превенција при Полициската станица од општа надлежност.
-Активноста ја реализиравме пред неколку училишта во градот. Целта е безбедно одење и враќање на учениците на училиште, безбедно поминување на раскрсниците и улиците, посебно на најмладите учесници во сообраќајот. Истовремено, на сите ученици им посакавме среќна и безбедна учебна година, рече Димитар Каракулев, инспектор за превенција.
Тој нагласи дека со вакви и слични превентивни акции со кои се подигнува јавната свест и се влијае врз намалувањето на негативните појави во општеството, продолжуваат и понатаму.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јован Деспотовски
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ДУИ и СДСМ го уништуваат здравството и во последните денови од владеењето
-
Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје