-->
-->
Во Германија разбиена опасна група кибер криминалци
-->
Во Германија повеќе од 1.000 иследници ноќеска влегле во над 120 домови и канцеларии, поврзани со осомничени лица за кибер криминал, како и оператори на тајни интернет форуми, што се користеле за трговија со шверцувана стока, оружје, дрога и лекови, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Според германските медиуми, операцијата, што паралелно се одвивала и во Летонија и Велика Британија, имала за цел да ги открие лицата поврзани со интернет сајтот crimenetwork.biz ,таканарачен сајт на “црниот интернет“ (Darknet), каде се одвивале илегални трансакции и трговија.
Во овој дел од интернет просторот се користи криптирана мрежа што е достапна само преку софтвер, што не го открива идентитетот, како пребарувачот „Тор“.
Во изјавата на германската федерална полиција се вели дека претрагите се случуваат по четиримесечна истрага во која иследниците провериле над милион постови и приватни пораки на околу 260 членови на форуми.
Полицијата досега успеала да идентификува 153 членови вклучувајќи и 11 лидери на криминалната група, која се соочува со казна за формирање на злосторничко здружување.
Паралелно со потрагата по овие криминалци, германската полиција, заедно со своите европски колеги, успеале да откријат криминална група која со помош на илегален софвер успеала да добие банкарски шифри преку копии од СИМ картички на мобилни телефони на граѓани со кои ги празнела нивните банкарски картички. Лицата осомничени за овој криминал се од Белорусија, Казахстан, Германија, како и еден Молдавец, кој живеел во Лондон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Етна повторно исфрла пепел, илјадници туристи блокирани на Сицилија
-

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
