Во британските училишта децата зборуваат на 311 јазици и дијалекти

Нешто над еден милион ученици низ Велика Британија, во училиштата каде учат зборуваат на дури 311 јазици и дијалекти, потиснувајќи го англискиот јазик како „секундарен“, пишува лондонскиот „Дејли Експрес„ забележувајќи дека во некои средини, посебно во делови од Англија, има примери каде на ниту едно дете, англискиот не му е мајчин јазик.
Истражувањето што го направил весникот, открива дека во едно училиште во градот Олдам, во близината на Манчестер, 342 ученици од вкупно 360, изјавиле дека нивни мајчин јазик не е англискиот, туку Пенџаби. Само шест деца рекле дека нивни мајчин јазик е англискиот.
„Дејли Експрес“, кој важи за ентиевропски и силно антиимиграциски настроен весник, предупредува дека ваквата состојба води кон „потиснување или исчезнување“ на англискиот јазик во училиштата.
Весникот цитира еден податок на Министерството за образование, според кој има училишта во земјата, каде полскиот, бенгали, сомали, гуџурати, арапскиот и пашту јазикот, се зборуаат пред англискиот, што значи дека станува збор за деца на имигранти и доселеници во земјата, на кои официјалниот јазик во Велика Британија, не е нивниот мајчин јазик.
Ваквите училишта, каде странските јазици и дијалекти се првите јазици на децата, а не англискиот, ги има повеќе во Англија, отколку во другите делови од Велика Британија, а најмногу се регистрирани во реонот на Лондон, како и во Бирмингем и во Мидлендс, каде има голема азиска етничка и муслиманска заедница.
Овој лондонски весник за ваквата ситуација во основното образовани е во земјата, ја обвинува досегашната имиграциска политика на британските власи и како што вели, отворената врата во изминатите десет години, за примање на имигранти од Азија, Африка и источна Европа.
Ново на Сител
-

Вештачката интелигенција почнува да „делува сама“: OpenAI откри шест опасни случаи
-

На ГП Табановце промовиран системот на телесни камери за царинските службеници
-

Мицкоски од САД: Нови можности за инвестиции и продлабочување на стратешкото партнерство
-

Девојче со часови не одговарало на телефон и врата, пожарникари влегле преку тераса - ја пронашле во длабок сон
-

Трамп: Се надевам на крај на војната со Иран
-

Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3
-

Американската армија треба да е подготвена за борба околу Месечината, изјави главниот воен советник на Трамп
-

САД усвои закон за нови санкции и царини против Русија
