ВМРО-ДПМНЕ: Заев доби силен шамар од ЕУ
По неуспехот да стане преговарач за влез во ЕУ, Бојан Маричиќ мора да ја преземе улогата на мегафон на измамникот Заев за ширење лажни вести.
ЕУ ја прочита корумпираноста и неспособноста на Зоран Заев и неговиот тим затоа сега Маричиќ мора да се сврти кон лажењето.
Зоран Заев потроши три години од животот на граѓаните, распродавајќи ги државните и национални интереси за на крај да добие силен шамар од ЕУ. Заев лажеше дека проблемот кој Грција го има е единствената пречка за добивање на датум, но реалноста го демантираше и целата јавност се увери дека ЕУ не сака да преговара со криминалци.
Криминалот, корупцијата и рекетот не се и неможат да бидат европска вредност.
Со Заев на чело на државата Македонија е пример за криминал, корупција и рекет. Заев сака да остане на власт за да го продолжи криминалниот начин на владеење. Затоа се сите лажни вести и манипулации.
Залудно е колку и да се труди СДСМ да ја лаже јавноста. Никој повеќе не им верува. Во тоа ќе се уверат и самите кога а 12 април ќе ги изгубат изборите.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива