Македонија
1. May 2024 - 16:33

Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива

Ароганцијата на СДСМ е ненадминлива, а Ковачевски навреди повќе од 84 илјади граѓани дека се човек-партија. Ова е одоговорот на лидерот на ЗНАМ Максим Димитиревски откако Ковачевски му порача да не се меша во неговата партија и дека ЗНАМ соработува со наследниците на Ванчо Михајлов, како одговор на барањето на Димитиревски за смена на целотот раковдството на СДСМ доколку сакаат соработка.

Димитриевски тврди дека на пикник на 1 мај во Пелинце ги собирал всушност незадоволните членовите на СДСМ.

Пикник за 1 мај правеше и Ковачевски во градскиот парк во Скопје. Не сакаше да го коментира Димитиревски на ваков ден, но затоа на митингот синоќа јасно му одговори дека услови од ЗНАМ не прифаќа.

За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек-партија, СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени. СДСМ не прифаќа условувања и со никого нема да прави политички дилови. Раководството на СДСМ го бираат членовите на СДСМ кои се наследници на НОБ, и на АСНОМ и на Киро Глигоров, а не на вазали кои се предале и отишле да шуруваат со наследниците на Ванчо Михајлов.

Но, Димириевски вчера имаше барања и кон ВМРО-ДПМНЕ: да не влегуваат во разговори со крилото на Заев. За Мицкоски ваквите тврдења се глупости, а побвараа Димитриевски да покаже дека не е тројански коњ на власта.

„Еве да му одговорам на оној претседтаелски кандидат кој што постави прашање кукавички денеска дека ВМРО-ДПМНЕ кокетирало де со овој де со оној: ниту со Ковачевски ниту со Венко Венко Филипче, ниту со Зоран Заев. Ние само комуницираме и сме во коалиција со народот на Македонија.“

Сега ЗНАМ се на потег да повикаат на гласање за Гордана Силјановска Дафкова. Воедно се надеваме дека ќе го направат овој чекори не сакаме да веруваме дека постои тројански коњ и продолжена рака на власта во опозицијата“, коментираат од ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ЗНАМ вчера упати апел до своите гласачи масовно да излезат на претседателските избори, но не сакаше да повика за поддршка на некој од кандидатите.