ВМРО-ДПМНЕ: Судот да не подлегнува и одлучува по сугестии и притисоци

Судот треба да работи исклучиво по закон и Устав и никако поинаку, а како репрезент на третата власт не смее да подлегнува и одлучува по сугестии и притисоци, порача денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Според Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, кривичните постапки на Специјалното јавно обвинителство се тенденциозни и целосно политички мотивирани, а барањата за притвор за раководството на ВМРО-ДПМНЕ поднесени до апелација се обид за притисок врз судот да не ги поништи неоснованите одлуки за одземање на патните исправи.
- Мерките за обезбедување присуство побарани од СЈО за раководството на партијата се целосно неосновани, без докази и крајно неаргументирани. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да се впушта во бегство, затоа што не сторило ниту едно кривично дело и секогаш работело според Устав и закон. Дека тоа е така доказ е и образложението на првостепен суд каде што се образлагаат мерките за одземање на патните исправи, а каде не наоѓа и не наведува ниту една причина за одземањето, а тоа очигледно е донесено под политички притисок, изјави Ѓорѓиевски.
Тој потенцираше дека лицата од раководството на партијата со оглед на честите патувања поради партиската функција ако сакале да избегаат тоа можеле да го направат безброј пати.
Ново на Сител
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
