Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
Почна полагањето на државната матура. Над 14.500 матуранти со пенкалата в раце, без мобилни телефони и на метар растојание денеска го полагаа првиот екстерен испит. Точно во девет часот утрово низ целата држава почна да тече времето кое го имаат за решавање на денешниот испит кој е изборен предмет.
Најголемиот дел од средношколците за Сител велат дека испитот го поминале многу лесно, но претходел и период на подготовка.
„Беа забранети телефоните, не се употребуваше. Реално, мислам дека нема потреба, само да си учат на време. Уште колку испити имаш за полагање? Имам уште три испити, македонски и уште два интерни. Најстрашно беше чекањето, но откако ќе влезеш, откако ќе почнеш да го решаваш тестот не е толку страшно“, ни изјави една матурантка.
„Искрено супер беше, тестот беше многу лесен, организацијата топ. Полагав англиски ми беше изборен предмет, искрено немав трема си дојдов спремна. Дали си подготвена за другите? Имам уште македонски и два интерни“, ни раскажа друга средношколка.
За првпат во државата се полагаат три вида матура државна, државна стручна и државно уметничка. За поголема прегледност и помалку препишување и оваа година се користи методот од лани учениците да полагаат во спорските сали и холови, но и во амфитетрите на универзитетите во зависност од тоа дали учиштата располааат со соодвтен простор.
Во каква атмосфера минува полагањето денеска провеерија и претставници на надлежните институции. Низ амфитеатрите на Економскиот факултет прошетаа министерката за образование заедно со директорката на испитниот центар.
„Од она што го видов во овој момент се се одвива во најдобар ред. Минатогодишното искуство покажа дека полагањето во големи простори како што се амфитеатрите на универзитетите дава подобри резултати, односно се намалија оние број на дејствија кои одредени ученици кои се обидоа да ги искористат“, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
И оваа година изостанаа блокаторите за мобилни телефони. Но, Директорката на државниот испитен центар вели дека за да се спречи употребата на електронски уреди како најчест начин на препишување, се оставаат на посебни места пред средношколците да седнат да полагаат.
„Одложувањето на телефоните на местата на кои се определени за истите вродува со плод. Така што ние правиме се, за да биде тестирањето онака како што треба. Сите ученици да имаат еднакви можности и фер полагање“, изјави Даниела Јовчевска Михајловска, диркторка на Државен испитен центар.
Но сепак, кој ќе биде фатен како препишува, ќе се соочи со најстроги казни.
Еден тестатор набљудува 15 ученици. Оваа година се ангажирани околу 2.500 тестатори. Тие имаат задача да следат дали матурантите ги почитуваат правилата и да реагираат доколку забележат некоја неправилност.
Оваа година најголем интерес има за државна матура - 12.000 ученици, повеќе од две илјади мауранти ќе полагаат државна стручна матура, додека 127 кандидати државна уметничка матура.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
