ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да достави предлог за распуштање на Парламентот
ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика СДСМ во Собранието на Република Македонија да достави предлог за негово распуштање.
- Поттикнати од вчерашниот собир во организација на СДСМ/Сорос, од нивната празна реторика која ја слушаме десет години наназад, како и од желбата на огромното мнозинство на граѓани кризата наметната од СДСМ да заврши и да се стави крај на политичкото заложништво, конфликтите и деструктивноста, го повикуваме СДСМ уште денес да достави барање до Собранието на Република Македонија за негово распуштање. Доколку СДСМ собере храброст, го повикуваме Претседателот на Собранието Трајко Вељановски да ја стави таа точка на дневен ред за да биде разгледана и усвоена, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните, се додава во него, сакаат конечно да заврши кризата во која што, како што посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ја втурна Македонија.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата