-->
-->
Владиката Петар: Ме задржаа по грешка на аеродром, после ми се извинија
-->
Владиката преспанско-пелагонсиски Петар беше задржан на скопскиот аеродром по барање на финансиска полиција, објави „Фокус“ повикувајќи се на добро упатени извори.
Владиката Петар попладнево тргнал на пат за Австралија каде што од страна на полицијата е приведен и однесен на информативен разговор.
Тој за „Фокус“ потврди дека бил задржан на скопскиот аеродром од финансиска полиција, но дека била направена некаква грешка во процедурата.
„Ме задржаа на аеродром, но беше направена грешка. Кога луѓето сфатија што направиле, ми се извинија и јас сега патувам – додаде владиката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески
-
Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот