Владата со препорака за работодавачите во врска со топлотниот бран

Имајќи го предвид кумулативниот ефект на продолжениот топлотен бран, Владата ја усвои информацијата и издаде препораки до работодавачите кои важат од 23.07 до 26.07, со кои се препорачува ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години,
Како што информирата од Влада со оваа мерка се овозможува и работа од далечина, флексибилно и двократно работно време каде што е изводливо.
Претходно, Министерството за здравство ја информира јавноста дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), топлотниот бран со температури над 40°C ќе продолжи до 26 јули 2025 година.
-Имајќи го предвид кумулативниот ефект на продолжената изложеност на високи температури врз здравјето на ранливите категории на население, Владата, на предлог на Министерството за здравство усвои дополнителни препораки за работодавачите, кои ќе важат во периодот од 23 до 26 јули 2025 година:Се препорачува ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години. Каде што е можно, да се овозможи работа од далечина, флексибилно или двократно работно време.Овие препораки не важат за вработените во критичната инфраструктура, како што се здравството, полицијата, армијата, транспортот, енергетиката и јавните комунални претпријатија, се наведува во соопштението од Министерствогто.
Дополнително, Владата потсетува на веќе важечките мерки од акцискиот план, а тоа се одложување на работниот процес од 11:00 до 17:00 часот за работници изложени на директна топлина, обврска за обезбедување микроклиматски услови за работа – простории со температура до 25°C, освен каде што природата на работата не дозволува поинаку, континуирано информирање на јавноста преку институциите, активирање на интерните протоколи за работа во вонредни услови во сите здравствени установи, домови за стари лица и образовни институции.
Сите останати институции опфатени со Акцискиот план се повикуваат да продолжат со спроведување на своите обврски и активности.
Истовремено Министерството за здравство апелира населението да се придржува до постоечките препораки за самозаштита а тоа се престојување во разладени простории, особено од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнувајќи алкохол и засладени пијалоци, носење лесна и светла облека, користење заштита за глава и очи, избегнување физичка активност во најтоплите часови.
Понатаму при симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш да се побара медицинска помош да се седи во разладени простории (до 25°C) на работното место и во домот.
Ново на Сител
-

Тошковски: Кокаин вреден милион евра запленет во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Загадувањето доаѓа од домаќинствата
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
