Мицкоски: Без силна акција од Брисел и други членки на ЕУ не може да дојде до промена на ставот на Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека очекува уште меѓународни признанија за конзистентната политика на Владата како што е одлуката на Комитетот за човекови права при ОН, кој утврди дека Бугарија ја прекршила Повелбата за здружување, но нагласува дека не верува оти „може да дојде до промена на ставот на нашиот источен сосед, без силна и робусна акција од Брисел и поголемите членки на Европската Унија“.
Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, нагласи дека политиката на Владата веќе две години е конзистентна и практично ги аргументира своите позиции на меѓународната сцена и „одлука по одлука само се потврдуваат сите оние тези и стравувања, кои што ние како Влада и политичари ги имавме“, и нагласува дека „секој оној што мисли и се уште верува дека ако се измени Преамбулата на Уставот, тука завршуваат нашите предизвици и маки, се лаже или не ја разбира политиката“ или, вели, „свесно претставува меко ткиво на македонскиот идентитет и одработува за туѓите интереси“.
Прашан за коментар за одлуката на Комитетот за човекови права при ОН, кој утврди дека Бугарија ја прекршила Повелбата за здружување и дали смета дека ќе има некаков ефект, Мицкоски рече дека секако ќе има ефект, но дека не очекува да има ефект врз политиката на политичарите кај нашиот источен сосед, посебно не сега, вели, во оваа предизборна кампања.
-Одлука по одлука само се потврдуваат сите оние тези и стравувања, кои што ние како Влада и политичари ги имавме. За жал, во минатото имавме политичари кои беа мекото ткиво на македонската идентитетска политика и прифаќаа се, буквално и бел лист да им се ставеше на маса да го потпишат, од проста причина мислејќи лековерно дека на тој начин ќе останат подолго во Владата и ќе користат и ужуваат привилегиите кои што тие за себе ги замислиле – изјави Мицкоски.
Знаете, како што вели Мицкоски, тоа беше период на криминал, на срам, на предавства, на уништување се што е македонско.
-Но, политиката на оваа Влада веќе две години е конзистентна, практично ги аргументира своите позиции на меѓународната сцена и секој месец или секој квартал, да добиваме по уште едно ново признание за сите оние политики, кои што ги водиме – изјави Мицкоски.
Мицкоски, вели дека во периодот што следи очекува уште вакви одлуки, но дека не верува оти може да дојде до промена на ставот на нашиот источен сосед, без силна и робусна акција од Брисел и поголемите членки на Европската Унија.
-Веурвам дека нашите агрументи се исправни, нашите аргументи од ден на ден се потврдуваат на меѓународната сцена. Впрочем ако го слушавте, едно од оние интервјуа на поранешниот претседател на Бугарија Румен Радев, а сега кандидат за премиер, каде вели дека тој лично два пати ја блокирал Македонија да ги отпочне преговорите, тогаш ни е се јасно. И, секој оној што мисли и се уште верува во прикаските дека ако се измени Преамбулата на Уставот или ако ја додадеме таа измена на Уставот, тука завршуваат нашите предизвици и маки, се лаже – вели Мицкоски.
Според Мицкоски, секој што мисли дека со тоа ќе заврши се и ќе почне од другиот ден мед и млеко да тече по улиците, „се лаже или не ја разбира политиката“ или „свесно претставува меко ткиво на македонскиот идентитет и одработува за туѓите интереси“.
-За жал, се уште на политичката сцена имаме такви политичари кои што со своите мекоткивни политики ги нарушуваат позициите коишто оваа Влада макотрпно и жилаво ги гради, но очекувам веќе после следните парламентарни избори тие политичари и таа политичка партија да се маргинализираат и конечно исчезнат од македонската политичка сцена – изјави Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсен 19-годишник, во багажник превезувал „пит бул“ повреден од улични борби
-

Три автомобили изгореа на Бит Пазар, нема повредени
-

16-годишник од скопско со нож тешко повредил соселанец
-

Турчин со тротинет удрил жена на „Партизанска“ и побегнал од местото на настанот
-

Избори во Унгарија: Трамп му вети на Орбан огромна помош за да ја развие економијата на Унгарија
-

Ерусалимското платно - порта до светата земја и Христијанството
-

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари
-

Уапсено лице од Делчево, во неговиот дом пронајдени четири различни видови на дрога
